X
 27.05.2015 Живот

Во Амстердам отворена првата продавница за екстази

Либералните Холанѓани уште од одамна го поплочија патот до легализацијата на марихуаната, но сега истото се обидуваат да го направат и со нешто посериозно - MDMA и најпознатите апчиња екстази.

 

апче


Секоја година милиони туристи одат во холандската престолнина Амстердам, не поради неговата богата култура, специфичната култура и необичните луѓе, туку поради легалната марихуана и другите супстанци поради кои во некои држави од светот можете да останете без глава. Освен природните супстанци, Холандија и Амстердам се на самиот врв на употребата на тешпки дроги, а познато е дека нивната електронска музичка сцена (техно, хардкор, габа) со децении живее на таблетите екстази.

Овие таблети и сите останати начини на консумирање на дрога сепак и понатаму се забранети, а младите холандски либерални демократи тоа сакаат да го променат одлучувајќи се да ја отворат првата продавница за екстази во Амстердам.

 

Главната цел на овој потег е едукација на младите, а организаторот се надева дека ќе собере доволно број на потписти за меѓу политичарите да се поттикне расправата за декриминализација на овие дроги. Тие сметаат дека е подобро да се контролира производството и дистрибуцијата на овие супстанци, отколку да им се препушти на илегалниот пазар со што се надеваат дека оние кои ги консумираат нема да умрат како последица од предозирање и лоша роба. 

 


Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот