X
 13.08.2019 Живот

Овие земји се преплавени од туристи

Овертуризам (overtourism) е новиот термин со кој се опишува ситуацијата кога на една локација има толку многу посетители, што тоа негативно влијае на локалното население и животната средина.

Онлајн-сервисот „Disneyfication Map“, кој се занимава со процена на овертуризмот, ги ставил и Црна Гора и Хрватска во топ-10 загрозени земји во светот, со проценети 3,02, односно 3,78 туристи по жител за една година.

Хрватска е втора на листата, додека Црна Гора е шеста. Предводник е Исланд со 6,52 туристи по жител.

Комплетната листа изгледа вака:

1. Исланд - 6,52 туристи/жител

2. Хрватска - 3,78 туристи/жител

3. Бахамите - 3,64 туристи/жител

4. Австрија - 3,34 туристи/жител

5. Кипар - 3,01 туристи/жител

6. Црна Гора - 3,02 туристи/жител

7. Грција - 2,53 туристи/жител

8. Естонија - 2,47 туристи/жител

9. Ирска - 2,15 туристи/жител

10. Данска - 2,04 туристи/жител

Во однос на регионот, Македонија има 0,3 туристи по глава на жител, Србија 0,21, Албанија 1,62, Бугарија 1,26, Босна и Херцеговина 0,26 и Словенија 1,74 турист по жител.

Сервисот направил и листа со десет града и места кои се најпогодени од преголемата посетеност од туристи, која изгледа вака:

1. Чикве Тере (Италија) - 4.800 туристи/жител

2. Халштат (Австрија) - 1283 туристи/жител

3. Дубровник (Хрватска) - 1.000 туристи/жител

4. Венеција (Италија) - 364,64 туристи/жител

5. Санторини (Грција) - 128,62 туристи/жител

6. Салцбург (Австрија) - 45,94 туристи/жител

7. Кјото (Јапонија) - 36,39 туристи/жител

8. Палма де Мајорка (Шпанија) - 32,26 туристи/жител

9. Островот Чеџу (Јужна Кореја) - 24,8 туристи/жител

10. Амстердам (Холандија ) - 22,5 туристи/жител.

Некои од ефектите од преголемата посетеност од страна на туристите се преголемите метежи, кои им пречат не само на локалните жители туку и на самите туристи, губењето на локалната традиција и нејзина замена со сувенири, како и негативното влијание врз животната средина.

Прикажаната мапа, односно боите со кои се означени државите покажуваат колку некои земји се загрозени од овие ефекти. Се истакнува дека треба да се разликува овертуризмот од масовниот туризам бидејќи некои дестинации можат да се справат со милиони туристи, додека другите се борат и со многу помал број.

Колку е позелена земјата, толку е поверојатно дека таму ќе бидете опкружени повеќе со мештани отколку со туристи во екот на сезоната. Мапата на туристите по глава на жител се базира на бројот на туристи што ја посетиле земјата во период од 12 месеци.

Тука можете да ја погледнете целата карта.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот