Во недела ќе се одржи мирен протест пред Министерството за образование и наука. Протестот е организиран од Наставничкиот пленум. Наставниците на овој начин ќе се побунат против лошите реформи во образованието.
Протестот започнува во 17:00 часот, а за оние кои сакаат да се придружат ќе збирно место ќе биде „Урбан парк“ на булеварот „Македонија“ во 15:30 часот.
На официјалниот настан на „Фејсбук“ наставниците напишаа:
„Наставнички пленум ве повикуваат на заеднички мирен протест под мотото "СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО". Овој протест не е да се спречи екстерното. Овој протест е против сите негативни реформи кои ги носи оваа нелегитимна влада!!!
Со овој протест не мислиме да го спречиме екстерното кое стартува за неколку дена, туку да укажеме дека и покрај сите обиди, не најдовме ни еден аргумент кој би ја поткрепил тезата дека екстерното тестирање ќе го подобри квалитетот на образованието.
Во оваа прилика ќе посочиме само еден едноставен факт кој оди во прилог против екстерното тестирање, иако ги има илјада и еден!!!
Замислете еден ученик кој има 12 предмети, од кои по 10 е оценет со оценка одличен 5, а по 2 е оценет со оценка добар 3 (солиден одличен ученик), и замислете друг ученик од истиот клас кој по 10 предмети е оценет со оценка добар 3, а по 2 е оценет со оценка одличен 5 (просечен ученик).
На одличниот ученик му се паѓа да ги полага предметите по кои има добар 3 и на екстерното тестирање ги потврдува оценките од наставниците, но неговиот успех паѓа од одличен (10*5+2*3=56/12=4,67), на многу добар (10*5+4*3=62/14=4,43). На просечниот ученик му се паѓа да ги полага предметите по кои има одличен 5 и на екстерното тестирање ги потврдува оценките од наставниците, но неговиот успех од добар (10*3+2*5=40/12=3,33), станува многу добар (10*3+4*5=50/14=3,57). На тој начин одличниот ученик кој имал само 2 оценки различни од 5ка и ученикот кој имал само 2 оценки различни од 3ка, и покрај тоа што ги потврдиле оцениките од наставниците сега се израмнети и можат рамноправно да ја продолжат борбата во понатамошното нивно школување :(.
ПС: Нема повеќе да пишуваме: "зошто треба да не поддржите во нашата и вашата борба?". Оставаме на вас да пресудите дали овие реформи водат кон поквалитетно образование (очигледно е од едноставниот пример дека водат кон подеднакви услови за сите, затоа што вака поставени работите во образованието, навистина ги изедначуваат сите ученици).
НП нема ништо против "просечниот" ученик и не мисли дека тој помалку ќе се снајде во животот, но поентата тука е во друго. алку ќе се снајде во животот, но поентата тука е во друго,“
Настанот на „Фејсбук“.