X
 30.05.2015 Наука

Природата е неверојатна - ова растение е доказ!



Ова уникатно растение не е генетски модифицирано. Тоа потекнува од Мексико и Централна Америка, а името мала лубеница потекнува од шпанскиот збор „sandita“ што значи мала лубеница. Латинското име му е melothria scabra.

Првиот човек кој што го открил ова растение бил францускиот ботаничар Шарл Виктор Нодин во 1866 година. Ова растение, иако потсетува на лубеница, е краставица. Вкусот е комбинација од краставица и зелен грав.


Малата лубеница е растение кое многу споро расте. Бидејќи спаѓа во фамилијата на краставици тоа е еднополно растение. Тоа значи дека на истото растение се произведуваат и машки и женски цветови. Цветовите се мали и жолти.


Овие растенија може самите да се опрашуваат. Во идеални услови може да порасне до еден метар, лазејќи по земјата или останатите растенија.

Извор: Optimum Naturae


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука