X
 24.04.2021 Живот

Првата подземна плантажа во светот се наоѓа во поранешен бункер

Британската влада изградила повеќе бункери под Лондон за време на Втората светска војна. Жителите на градот ги користеле бункерите за да се засолнат од бомби. Сега, еден од овие бункери има улога во друга борба - онаа против климатските промени. Во него се наоѓа првата подземна плантажа во светот која користи нова хидропонска технологија и ЛЕД-светло напојувано од обновливи извори на енергија за да произведе свеж зеленчук.



Плантажата е проект на двајца пријатели, Ричард Балард и Стивен Дринг, кои ја основале компанијата „Зиро карбон фармс“ во 2015 година. Денес тие произведуваат зеленчук на еден хектар подземен простор.

Растенијата се произведуваат на специјални рециклирани теписи наместо на почва, а плантажата може да произведува шест пати повеќе растенија од просечната надворешна плантажа. Освен тоа, на оваа подземна плантажа ѝ се потребни 70% помалку вода и не се користат пестициди.



Од компанијата откриваат дека имаат соработка со продавници и дистрибутери, па нивните производи може да стигнат до трпезите за помалку од четири часа.



Обединетите нации претпоставуваат дека би можело да има уште 2 милијарди жители на планетата до 2050 г., а производството на храна би требало да се зголеми за 70%.

Автор: Даглас Брум
Извор: weforum.org
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот