X
 29.10.2016 Култура

Кои растенија луѓето низ вековите ги користеле како дроги?

Луѓето илјадници години порано консумирале опијати поради што нема никаква смисла да се поставува прашањето кога хомо сапиенсите ги откриле халуциногените супстанции кои може да ги променат нашите умови, пишува Business Insider.

Халуциногените супстанции отсекогаш постоеле и се консумирале со пиење, јадење или со вшркување. Теренс МекКен, голем етноботаничар и филозоф, тврдел дека печурките кои содржат псилоцибин најверојатно потекнуваат од последната фаза од еволуцијата на човечкиот ум.


дрога


Доказите за одредени психоактивни растенија се наоѓаат во историјата на светот. На пример мескалинот бил пронајден во Перу во периодот од 9000 години пред Христос. Дел од некои култури на  Андите во истиот период џвакале кока листови. Добро е познато дека Кинезите пиеле слатко вино 7.000 години пред Христа. Античките остатоци пронајдени недалеку од Рим покажуваат дека на тоа подрачје се одгледувало опиум.

Дрогата не била забранета во примитивните општества


За разлика од другите модерни култури, овие дроги не биле забранети кај примитивните општества кои ги консумирало, туку тие се имплементирале во нивните верски и социјални ритуали. Всушност, употребата на овие дроги веројатно била фокусна точка за социјално поврзување и најрано религиско искуство.

Подоцна, за време на двата најважни периоди на западната цивилизација, античка Атина и Римската империја, дрогата продолжила да биде составен дел од општеството. Постојат докази кои ја поддржуваат теоријата дека младите во Атина консумирале супстанција слична на ЛСД за време на церемонијата ма Елузинската мистерија, а Марко Аврелиј, големиот римски цар и филозоф, практично „се убивал“ во опиум. Ова е листа од најстарите дроги од целиот свет.


кава-кава


Кава-кава


Кава-кава е билка која била широко распространета низ западните делови на Тихиот Океан. Неа ја консумирале домородните племиња во Полинезија и некои делови на Микронезија која ја користиле оваа дрога за медицински, религиозни и социјални цели. Коренот на ова растение се користел за да се направи напиток кој има психоактивни и седативни својства.


канабис


Канабис

Не постоеле голем број на дроги кои се постари и посуштински од растението марихуана. Конопот бил откриен во артефактите кои датирале од пред 10.000 години. Некои научници шпекулирале дали марихуаната е клучна за развојот на земјоделството, бидејќи од влакната на конопот било лесно да се направи јаже и облека. Но, нашите предци канабисот го користеле и како опјно средство. Талмуд ги споменувал еуфоричните аспекти од ннеговото консумирање, додека Плиниј Постариот имал дискусија за аналгетските ефекти на конопот.


ибогаин


Ибогаин


Потекнува од Африка и тоа од централниот западен дел на континентот, а се  работи за многу силна дрога. Алкалоид ибогаин е психоактивна супстанција која можела да се најде во многу растенија, особено во растенијата со назив „Tabernanthe iboga“. Оваа психоактивна супстанција се користела како моќна духовна алатка во ритуали и церемонии. Студиите покажале дека „ibogaine“ не го менувал само „вашиот поглед", туку делувал на рецепторите во мозокот на начин кој ја ублажувал болката.


морско оревче


Морско оревче


Луѓето низ Азија џвакале семе од арека, кој е познат како морско оревче, а морнарите овие ореви ги донеле во Европа во текот на ренесансата. Морското оревче кое се џвакало како листовите од тутун, бил стимуланс кој останал популарен како рекреативна дрога низ Азија. Тој бил еден од главните причини за високата стапка на рак на усната шуплина на континентот.


црна буника


Црна буника


Црната буника е отровно украсно растение кое се користело како аналгетик и како многу силен седатив. Било многу лесно да се најде во шума, но луѓето кои ја собирале морало да знаат што прават бидејќи консумирањето на големи количини на црна буника доведува до смрт. Многу научници кои ги анализирале делата на Шекспир, верувале дека црната буника бил отровот, со кој бил убиен таткото на Хамлет.


опашка од лав


Опашка од лав


Станува збор за автохтоно растение во Јужна Африка, позната по своите лековити и психоактивни дејства. Нејзината главна психоактивна состојка е „leonurine“. Листовите на ова растение се сушат, а потоа се пушат, а нејзиното консумирање предизвикува ефект сличен на ефектот на марихуаната.

Опашката од лавот во африканската традиционална медицина се користил за лекување на настинка, главоболка, кожни заболувања, грчеви во мускулите и астма. Ирокезите чајот од опашката од лавот го користеле за подобро варење, а африканското племе Khoikhoi го користило за лекување на брчки и кожни болести.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура