X
 01.06.2015 Образование

Како студентите се смируваат пред испит на британските универзитети?


Сите знаеме како е за време на испитна сесија - стрес, нервоза, трема, притисоци од сите страни. Студентите од универзитетот во Нотингем Трент имаат решение за овие проблеми кои му претходат на секој испит.



Имено, тие имаат специјална просторија со мали животини каде студентите може да отидат и да одморат од учењето и стресот преку игра со животинчињата. Во просторијата има прасиња, козички, магаренце, патчиња и пиленца.



Сè започнало со носење прасиња на универзитетот, кога студентите „ги нападнале“ за да се развеселат. Студентите барале носење повеќе животни на универзитетот и нивното барање било исполнето.

Студентите самите донираат за грижа на животните.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование