Вчера беше Меѓународниот ден на студентите. Одбележуван низ целиот свет, денот беше посветен на борба против насилството и дискриминацијата и барање еднаквост во академската околина од страна на студентските органзизации и унии. Овој ден беше одбележан на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поточно на Филозофскиот/Филолошкиот факултет.
Беше организирана таканаречена „културна зона“ од страна на студентската иницијатива „Отворен куфер“. За време на културната зона студентите имаа можност да слушнат свирки, да посетат изложби, работилница за креативно пишување и да гледаат филмски проекции.
На влезот на факултетот студентите можеа да земат бесплатен примерок од вториот број на „Homo studentus“, испечатен од студентската иницијатива. Фотографии од вчерашниот ден на Филозофски/Филолошки факултет пронајдете во галеријата.