Американскиот универзитет „Харвард“ изјави дека ќе ги прими бруцошите и некои други студенти на кампусот есенва, но студентите ќе треба да прават тестови за коронавирус на секои три дена, предавањата ќе бидат спроведувани онлајн и нема да има намалување на школарината.
Студентите од понапредните години ќе може да бараат да се вратат на кампусот доколку немаат доволно технолошки алатки дома или имаат тешкотии при следењето на предавањата од дома. Ќе им биде дозволено да се вратат на околу 40% од студентите.
Фото: „Харвард“/Pixabay
Според планот, студентите од прва година ќе учат од дома. Од универзитетот претходно изјавија дека сите предавања наесен ќе се спроведуваат онлајн.
Универзитетот изјави дека школарината нема да се намали и ќе остане 49.653 долари, иако студентите што ќе учат од дома нема да плаќаат за сместување во студентски дом.
Семестарот ќе почне на 2 септември и сите студенти што ќе живеат во кампусот ќе си заминат дома до Денот на благодарноста во ноември. Потоа студентите ќе бидат тестирани за Ковид-19 на секои три дена. Од универзитетот не очекуваат многу барања за престој на кампусот.
Фото: „Харвард“/Pixabay
Минатата недела Универзитетот „Јејл“ изјави дека ќе им дозволи на 60% од студентите да се вратат на кампусот. Универзитетот „Принстон“ изјави дека бруцошите и студентите од втората година ќе се вратат на кампусот наесен, додека останатите ќе се вратат напролет. Тие редовно ќе се тестираат за Ковид-19, иако повеќето од предавањата ќе бидат онлајн.
Автор: Мишел Гао
Извор:
cnbc.com