X
 07.06.2015 Живот

Кој е "виновен" за љубовта меѓу Моника и Чендлер?

Фановите на „Friends“ заслужуваат задоцнети заслуги затоа што помогнаа во создавањето на љубовта меѓу главниот пар на серијата.

 

пријатели


Имено, ко-создавачот на серијата, Марта Кауфман откри дека пријателството меѓу Моника и Чендлер кое прерасна во романса не беше дел од нивниот план.

„Немавме поим каква ќе биде повратната информација од публиката“, изјави Кауфман додека гостуваше на ATX телевизијата.

Извршниот продуцент Скот Силвери претходно призна дека епизодата со Лондон беше еден вид на обид за тоа како би изгледала врската, а Кауфман додава дека заплетот помина низ многу промени откако ја слушнаа реакцијата на фановите.

„Мислевме дека ќе биде смешно и дека ќе се ослободиме после кратко време од ситуацијата со Моника и Чендлер. Но, одеднаш, публиката изјави дека чекале ваков момент па затоа моравме повторно да седниме на маса и да размислиме како ќе ја заживееме врската и како ќе ја одржуваме во живот затоа што беше огромно изразување на радост меѓу фановите“, вели Кауфман.

Отсекогаш навивале Рејчел и Рос да завршат заедно

На прашањето дали писателите некогаш зеле во предвид Рос и Рејчел да не се заедно во последната епизода, Кауфман изјави: „На само 4 секунди. Тоа би било навистина глупаво затоа што уште од првата епизода тој ја сака неа“.

Последната сцена во апартманот

„Отсекогаш знаевме дека ќе се отселат од станот, затоа што секој пат кога ќе помислев на сцената, станував тажна“, вели Кауфман. „Знаевме дека ќе биде емоционална слика“. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот