X
 09.06.2015 Образование

Универзитет во Мелбурн нуди предмет за Евровизија

Австралија навистина го сака натпреварот Евровизија. Прво добија место на натпреварот, а сега универзитет во Австралија нуди часови на темата.


Универзитетот во Мелбурн штотуку извести за нов предмет наречен „Евровизии“. Очигледно, студентите на овој предмет ќе учат за историјата и развојот на Европа преку историјата и песните на Евровизија.

„Евровизија е многу повеќе од еден натпревар на песни, тоа е критичка арена за натпревар на политички и културни интереси од цела Европа“, пишува универзитетот на својата интернет-страница.

Според универзитетот, најлесниот начин за учење на животот и историјата на Европа е преку популарната музика.

„Доколку ја знаете Евровизија ја знаете Европа. Смртоносно сериозна е, но и многу забавна“, пишува во соопштението.

Предметот ќе им биде понуден на студенти кои студираат трговија, биомедицина, екологија, музика и наука започнувајќи од вториот семестар во 2015 година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование