X
 16.01.2020 Живот

Коали го преплавија Њујорк

Австралиска медиумска агенција во Њујорк прикачи коали на бандерите и на знаците низ градот за да ја зголеми свесноста за кризата со пожарите во Австралија.

Персоналот од „Каминс енд партнерс“, стационирана во Мелбурн, но има канцеларии и во Њујорк, ги постави кадифените играчки низ Големото Јаболко.

На секоја коала е прикачен знак со информации за тоа како може да се донира за групата што се залага за спасување на дивината WIRES.


Како дел од проектот беше создаден и специјално наменет инстаграм-профил наречен „Koalas of NYC“. На фотографиите што се објавуваат на овој профил може да се видат коали на бандери, знаци, дрвја и противпожарни возила.


Се претпоставува дека повеќе од една милијарда животни умреа во пожарите што ја зафатија Австралија, а околу 800 милиони се во Нов Јужен Велс. Пожарите не стивнуваат речиси три месеци и тие се причина за смрт на 28 лица.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот