Тејлор Свифт е една од најпопуларните американски музичарки, а тоа го докажува и нов предмет кој може да се слуша на институтот за снимена музика „Клајв Дејвис“ при факултетот за уметност на Универзитетот „Њујорк“.
Предметот го држи Британи Спанос, која е автор во списанието „Ролинг стоун“. Идејата за предметот била нејзина. Во рамките на предавањата ќе се изучуваат сите детали поврзани со Свифт, нејзината музика и нејзиниот однос со јавноста.
Студентите ќе учат и како други текстописци ја инспирирале Свифт, како останува релевантна и успешна на музичката сцена и каква улога играл нејзиниот изглед во кариерата.
Предавањата почнале на 26 јануари и ќе траат до 9 март.
Извор:
Mental Floss
Фото: YouTube (printscreen)