Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на дневните температури кои ќе се движат од 21 до 32 степени.
Во попладневните часови во западните и југозападните предели ќе постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да донесе локални врнежи од дожд и грмотевици.
Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.
Воздушниот притисок ќе биде во опаѓање и ќе има вредност околу 1013 хектопаскали.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северозападен ветер. Минималната температура од 15 степени, а максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 7.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Како ќе одминува седмицата, така и времето ќе биде се постабилно и потопло со пораст на дневните температури.
Во среда и четврток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, додека пак во попладневните часови во западните, југозападните и северозападните предели со услови за врнежи од дожд.
Во петок и сабота ќе биде претежно сончево и топло. Минималните температури од 8 до 20 степени, а максималните ќе достигнат до 24 односно до 36 степени. Ув индексот ќе има вредност 8.
Weather4all.com.mk