X
 28.07.2022 Живот

Студентка на која ѝ останаа 12 месеци живот ја оствари својата животна цел - презентирање на временската прогноза на Би-би-си

Студентка на која ѝ биле дадени уште само 12 месеци живот откако ѝ бил дијагностициран рак на мозокот, успеала да постигне една од нејзините животни амбиции: да ја презентира временската прогноза на Би-би-си.

На Лора Нутал од Бароуфорд во Ланкашир ѝ бил дијагностициран глиобластом мултиформе по рутински тест на очите во 2018 година. Подоцна било откриено дека таа има осум тумори.

Оттогаш 22-годишната Лора работи на тоа да ги исполни сите свои желби и цели. Така, таа успеала да се запознае со Мишел Обама, управувала со брод на Кралската морнарица и го однела Питер Кеј во паб на пијалак.

Лора неодамна дипломирала на Универзитетот во Манчестер на отсекот политика, филозофија и економија.

Сега таа го посети студиото на Би-би-си и со мала помош на водителот на временска прогноза Овејн Вин Еванс ја презентираше временската прогноза.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот