X
 10.06.2015 Економија

Едноставни и креативни начини како да заработите пари

Пари - секогаш посакувате да имате повеќе, нели? За да го купите оној прекрасен фустан или нов гаџет, да заштедите за одмор или да одите на луксузна вечера, за да го исплатите долгот побрзо и да се чувствувате поопуштено.

 

пари


Листата која ви ја нудиме подолу вклучува неколку едноставни, но ефективни начини на кои можете да заработите пари.

1. Прегледувајте музика за пари

Сите љубители на музиката ќе ја сакаат оваа работа - се` што треба да правите е да слушнете и да напишете рецензија за нови бендови и пејачи онлајн на Slicethepie. Најдобро би заработувале доколку ја подобрите сопствената репутација, а можете да заработите дополнителни пари доколку поминете 5-10 минути дневно слушајќи некои инспиративни музички (не)таленти.

2. Делење летоци

Иако звучи како малку досадна работа, некои компании нудат солидни пари за делење на промотивен материјал или одење од врата на врата.

3. Продажба на алиштата

Ова е посебно добра опција за девојките. Сигурно имате илјадници фустани кои сте ги облекле три пати и сега се сокриени некаде во вашиот плакар. Алиштата кои не ги носите можете да ги продадете преку апликацијата ThredUp.

4. Тестирајте веб страни за пари

Голем број големи компании гледаат во повратната информација за корисноста на нивните веб страни, па можете да бидете платени за да го правите ова. Очекувајте дека ќе заработувате 10 центи за една задача која одзема помалку од минута, па се` до 10-15 долари кога станува збор за поголеми прашалници.

5. Заработувајте преку „Твитер“

Доколку имате релативно голем број на следбеници на Твитер, може да ви плаќаат околу 50 долари до 20 долари за да споделувате твитови кои ќе бидат спонзорирани за вашата публика.

6. Чудни работни места на Fiverr

Fiverr ви нуди било какви видови на работни позиции почнувајќи од 5 долари. Регистрирајте се и направете сметка, разгледајте наоколу и понудете нешто слично - и за тоа ќе земате пари.

7. Продавајте ги вашите белешки

Доколку сте добри во пишување на белешки и доколку сте присуствувале на сите предавања, тогаш можете да ги продадете вашите белешки преку NoteSale.

8. Предавајте на часови онлајн

Доколку сте добри во нешто, можеби во дизајнирање, и доколку знаете како да создадете серија на видео лекции, тогаш можете да станете ментор на SkillShare.

9. Продавајте рачно изработени предмети на Etsy

Сте пронашле ретро алишта од вашата баба? Станете продавач на Etsy за да заработите повеќе пари за вашите вештини.

10. Ментор за јазик онлајн

Доколку одлично го познавате англискиот јазик и граматиката, тогаш страните како Italki.com им овозможува на наставниците да ги понудат нивните услуги, да закажуваат часови и да ви овозможат алатки кои ќе можат да ги применат.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија