X
 11.06.2015 Образование

Како да се запишете на студии во Турција?

Студентите бараат многу причини за да ја посетат Турција. Оваа земја е позната туристичка дестинација. Преубавите градби и духовната атмосфера го прават секој турски град единствен. Истанбул е единствениот град кој е сместен на два континети, а со векови беше престолнина на многу цивилизации.

 

турција


Но, Турција е многу повеќе од мост меѓу два светови. Во Турција истокот и западот се среќаваат во многу поширока смисла. Оваа земја успева да спои повеќе култура и да им овозможи на луѓето да доживеат културно и историско наследство кое на овие простори се создавало со илјадници години.

Многу студенти сонуваат за тоа да студираат во странство, а Турција ја избираат над илјада студенти секоја година. Според податоците од УНЕСКО, повеќе од 3.6 милиони студенти ја одбираат Турција како земја за студирање.

Во ваква голема конкуренција, Турција се стреми кон тоа да биде првиот избор на многу студени. На понуда ви се различни студиски програми, а поголемиот дел од стипендиите го доделува студентската влада.

Факултети и универзитети

Целиот список на сите универзитети и факултети во Турција можете да го погледнете ТУКА.

Универзитети во Анкара

Целта на Универзитетите во Анкара е да овозможат образование кое ќе го води општеството во областите на науката и уметноста низ универзална перспектива.

Со својата богата понуда на студиски програми, студентите се подготвуваат да бида свесни индивидуи кои знаат да истражуваат, мислат, поставуваат прашања и го решаваат проблемот. Студентите учат да бидат отворени, самоуверени, без предрасуди, да ги почитуваат социјалните и универзалните вредности, свесни дека знаењето е моќ.

Голем број истражувачки центри овозможуваат акумулација на знаењето и технологијата, а истражувањата се фокусирани на многу научни области.

Факултети:


- Филолошки факултет
- Стоматолошки факултет
- Фармаколошки факултет
- Факултет за науки
- Правен факултет
- Факултет за комуникациска технологија
- Инженерски факултет
- Медицински факултет
- Земјоделски факултет
- Факултет за спорт
- Факултет за политички науки
- Теолошки факултет
- Факултет за природни науки

Колку чини студирањето?

Просечната цена за школарина за студирање на англиски, на државни универзитети е од 500 до 1.000 евра.

Просечната цена за школарина за студирање на англиски, на приватни универзитети е од 3.000 до 15.000 евра.

Како да се пријавите?

Странските студенти кои сакаат да студираат во Турција треба да им се обратат на факултетите на кои планираат да студираат за да добијат детални информации за документите потребни за упис.

Факултетот ја одредува цената на школарината, трошоците за пријавата и уписот, како и рокот за пријава.

Документи кои најчесто се бараат

- Пријава (се зема од факултетот)
- Диплома за средно училиште или потврда за образование, преведена или на турски или на англиски
- Извод од оцената преведен на турски или англиски
- Потврда за финансиската состојба
- Потврда за платените трошоци

Стипендии

Програми за стипеднии за студии во Турција можете да ги пронајдете овде:

http://ec.europa.eu/education/index_en.htm
http://www.yok.gov.tr/en/web/mevlana/anasayfa
https://www.yok.gov.tr/en/web/farabi
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование