Воведувањето на Болоњскиот систем на бодирање на универзитетите со себе го донесе и терминот ЕКТС бодови.
ЕКТС е Европски систем за пренос и собирање бодови (European Credit Transfer System), кој бил осмислен во 1989 година, а го означува студентскиот труд за време на исполнувањето на факултетските обврски. Затоа, ЕКТС системот не ја означува вредноста на студиската програма, иако многумина го мислат тоа.
Системот на бодирање се темели на тоа дека 60 бода е мерка за трудот кој го вложува еден редовен студент во текот на една академска година. Кога би се одредувала вредноста на еден бод, таа претставува 25-30 работни часа, во што се вклучени и наставата и испитите.
Во наставните активности што се вреднуваат со ЕКТС бодови се предавања, истражувачка работа, вежби, практични вежби, учење, теренска работа, работа на проекти и друго. Бодовите и предавањата не се директно поврзани бидејќи еден час предавање може да бара двојно повеќе време за самостојно учење и подготовка.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay