X
 12.06.2015 Живот

Посета на 7-те чуда на светот за само 13 дена

2014 година не била најдобрата година за Меган Суливан. Најпрво таа доживеала несреќа, паѓајќи додека се искачувала на камен во Јосемит, после тоа била удрена од кола додека ја возела нејзината веспа, и како сето тоа да не било доволно, и` бил дијагностициран рак на кожата.

 

патување


Сето ова се случило во период од еден месец. Поради сето ова, Меган сфатила дека животот е краток, такашто одлучила дека сега е најдобро време да ги исполни работите кои отсекогаш ги посакувала, а една од нив била: „Посета на седумте чуда на светот“.

Откако ја добила битката со ракот, таа одлучила дека сега е најдоброто време да се започне со патувањето.

Иако се чинело дека патувањето ќе одземе неколку месеци, сепак на Меган и` дале само 13 слободни дена од работа. Наместо да чека друг момент од животот кога би можела да има повеќе слободно време за да патува, таа одлучила да ја зграпчи можноста. Со само неколку денови планирање, и човек кој го сретнала две недели претходно, таа го започнала нејзиното животно патување.



 

Иако постојат многу варијации на „Седумте чуда на светот“, таа сепак се одлучила за оригиналните седум кои се наоѓаат на веб страната „New7Wonders“.

 


Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот