Економијата на Кина напредува многу брзо, а со неа и големите градови во земјата. Меѓутоа, Кина има богата историја кога станува збор за правење на работите по свое. Така, во оваа земја има некои уникатни работи кои може да ги изненадат странците во посета. „Business insider“ наведува некои.
Вредноста на лицето
Кинезите му даваат големо значење на својот израз, кој треба да претставува престиж, чест и репутација. Најголемиот страв за нив претставува лицето без чест.
Врски
Врските во Кина не се важни само кога станува збор за семејството и љубовта, туку и во бизнисот. Затоа за странците е важно да се знае дека воспоставувањето добра врска е еднакво важно како и производот кој се претставува или цената.
Храна
Кина е огромна земја со повеќе различни региони, секој со свој стил во готвењето. Највлијателниот стил вклучува пржена храна, морска храна, месо и зачини како чили и лук, но во Кина е познато дека се јадат и инсекти и рептили.
Учтивост
Да се биде учтив во Кина се цени како и скромноста и едноставноста. Еден пример е примањето подарок. Кинезите не ги отвораат подароците веднаш штом ќе ги добијат, туку подоцна за да покажат дека подарокот не е важен, туку само идејата.
Сакаат врева
Кинезите сакаат кога се во живи, полни и возбудливи места, како забави и собиранки. За нас, метежот е хаотичен и непогоден, но за кинезите тоа е знак на социјализација и успех.
Непочитување на редот
Кога станува збор за малите настани, како чекање ред пред автобус или во продавница, честопати се случува Кинез да ви застане во редот за да чека помалку, некогаш дури и цела група.
Црвената носи среќа, но не за имиња
Кога сте во Кина, не го пишувајте името или нечие име со црвена боја. Во древна Кина, тоа се правело само на погребни плочи. Сега, тоа значи дека сакате тоа лице да умре доколку го напишете неговото име со црвена боја.
Чудни згради
Туристите не ги пропуштаат сите чудни згради во кинеските градови. Некои се направени неодамна, некои се неуспешни копии, а некои едоставно не е јасно зошто постојат.
Пиратерија
Сè може да се добие „на пиратски начин“ во Кина, од филмови, до дизајнерски чанти и скапи часовници.