X
 16.06.2015 Забава

Магични трикови кои можете да ги направите и самите

За да бидете одлични во магија потребни се години пракса и финеси, но секојдневните трикови се многу полесни отколку што мислите. Ви нудиме неколку илузии со обични предмети со кои можете да ги воодушевите вашите пријатели.

1. Левитирање

 

2


Сигурно сте виделе како магионичарите левитираат. Застанете на една страна во собата и позицирајте се сами така што ќе бидете дијагонално од вашата публика - најблиското нешто што треба да биде до нив е вашата пета. Полека подигнете ги петите и изглумете како да лебдите, а потоа полека кренете го целото стапало до публиката.За ова ќе ви треба пракса, но дефинитивно можете да го изведите.

2. Читач на мисли


Ова е одлична можност за импресионирање на децата. Земете неколку мрсни боици, свртете се и кажете им на децата да одберат боица. Потоа речете им да ја стават во вашите раце, кои се позади грбот. Со ноктите гребнете на креонот, префрлете ја во другата рака и полека без да гледате подајте им ја боицата. Сега доаѓа делот со читањето на мислите. Со рацете над главата на децата, ѕирнете ја бојата која останала под вашиот нокт.

3. Навалување на цевка

 

3


Направете цевка од хартија и истријте ја хартијата за да создадете електирцитет. Потоа ставете ја цевката на врвот на шишето такашто ќе биде паралелно со масата. Од електрицитетот, кога ќе ги доближите рацете цевката ќе се врти.

4. Исчезнување на чечкалица

 

4


За овој трик потребно е чечкалица и лепило. Колку што можете побрзо ставете ја чечкалицата позади вашиот палец или со лепило или со плунката.

5. Виткање на лажица

 

5


Земете ја лажицата и поставете ја вертикално на масата, фатете ја со двете раце, такашто публиката ќе го гледа само врвот и крајниот дел од лажицата. Преправајте се дека ја виткате лажицата, додека во суштина рачката се лизга кон масата.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава