X
 10.10.2015 Живот

Холандските студенти пронајдоа оригинален начин за тоа како да ја избегнат киријата

Се` повеќе холандски студенти се одлучуваат за живот со постари луѓе. Можеби звучи лудо, но живеењето на студентите со пензионерите е удар со кој наеднаш „се убиваат две муви“.

Просечниот студент во Холандија за кирија троши околу 366 евра. Ако се земе во предвид дека сместувањето кое го плаќаат студентите е пренатрупано и со лош квалитет, јасно е зошто голем број на студенти размислвуаат за алтернативни решенија.

Не само што сместувањето кое најчесто се нуди е скапо и лошо, туку ваквото сместување тешко може да се пронајде. Само во Амстердам минатата година недостасувале 9.000 студентски соби.

Од друга страна, пензионерите и пензионерските домови во земјата се соочуваат со низа на проблеми. Одлуката на холандската влада во 2012 година го укина државното финансирање на здравствената заштита за лица над 80 години доколку тоа не е апсолутно неопходно. Голем број на стари лица не можат да ги плаќаат трошоците за живот во пензионерските домови.

Тоа предизвика многу домови да останат без станари и во големи финансиски проблеми. Без државната поддршка тие станаа финансиски неисплатливи и морале да најдат начин да ја подобрат услугата и да привлечат нови корисници без да ја зголемат цената која и така веќе беше голема.

„Ако студентите добијат бесплатно сместување во домовите, би им се намалиле трошоците за школување. Во исто време во домот ќе има млади и активни луѓе кои домот би го направиле потопло и поубаво место за живот во кое постарите луѓе би сакале да живеат“; вели Геа Сијпкес, директор на пензионерскиот дом Хуманитас во Денвентер.

Студентите за пензионерите претставуваат своевидна врска со светот надвор.

Голем број истражувања ја поврзуваат самотијата кај старите луѓе со деменција и зголемена смртност. Секојдневната интеракција со младите луѓе, повремента шала па макар и поздрав помагаат кај овие проблеми и ги прават пензионерските домови многу поубави места.

Во склоп на договорот со пензионерските домови, студентите волонтираат 30 часови месечно. Тие организираат работилници во кои студентите ги учат пензионерите како да користат меил, социјални мрежи и Скајп за да можат да останат во подобар контакт со своите блиски.

После старскиот дом Хуманитас кој прв во светот започнал со оваа пракса, слични програми се отвораат во пензионерските домови ширум Холандија, но и пошироко. Слична програма е започната во пензионерскиот дом во Лион, Франција и во Кливланд, Охајо.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот