Универзитетот во Кембриџ најави дека вработува професор по Лего коцки кој ќе работи како дел од Факултетот за образование.
Работното место ќе започне во октомври 2015 година, а вклучува насочување на нов истражувачки центар за игра во образованието, развојот и учењето.
Заинтересираните кандидати не мора да имаат диплома по „архитектура за пластични тули“, иако не би било лошо - меѓутоа, универзитетот бара некој чијашто работа ќе биде во рамките на полето на насловот на функцијата.
Работното место беше воспоставено откако универзитетот доби 4 милиони фунти донација од Лего фондацијата. Фондацијата која е сопственик на една четвртина од групата Лего, се фокусира на ре-дефинирање на играта и ре-замислување на учењето.
Според портпаролот на Кембриџ, 1.5 милиони фунти од донацијата ќе бидат дадени на истражувачкито центар додека останатите 2.5 милиони фунти ќе одат во финансирање на оваа позиција. Целта ќе биде да се проучува улогата на играта во образованието.