Студент кој заспива на предавање е една од најчестите појави во студентските денови. Некои професори ги игнорираат, некои се обидуваат да ги разбудат кажувајќи им го името, а други одат дотаму што нагло им поставуваат прашања веднаш штом ќе се разбудат.
Но, професорот Метју Питман од Универзитетот во Тенеси има подобра метода. Наместо едноставно да ги извика имињата на неговите заспани студенти или да им постави прашање за да ја продолжи лекцијата, тој одлучил да им пее.
На видеото што го споделил може да се види како буди тројца негови студенти со помош на неговата музикалност. На првиот професорот му ја пее „Fall for You“ од „Секондхенд серенејд“. На друго видео Питман буди студент пеејќи ја „Basket Case“ на „Грин деј“, а најдраматично е кога буди студент вадејќи мегафон и пеејќи ја песната „I Miss You“ од „Блинк-182“.
Питман, доцент по предметот рекламирање и односи со јавноста, е експерт за стратегии за социјални медиуми, екорекламирање и кампањи за одржливост.
Голем дел од коментарите на методот на будење на овој професор се позитивни, велејќи дека тој не е само професор, туку и едукатор.
Фото:
Instagram