X
 06.03.2020 Образование

МИТ веќе осум години е лидер на рангирањето на „Кју-ес ворлд јуниверсити“

„Кју-ес ворлд јуниверсити“ вчера ја објави листата на рангирање на универзитетите според предмети.
Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) е светски лидер во 12 предмети - повеќе од која било институција. МИТ, всушност, веќе 8 години е на врвот на листата според ова рангирање.

Институтот се најде на прво место во следните области: архитектура/изградена средина, хемија, компјутерска наука и информациони системи, хемиски инженеринг, градежно и структурно инженерство, електрично и електронско инженерство, механичко, воздухопловно и производствено инженерство, лингвистика, материјална наука, математика, физика и астрономија и статистика и оперативно истражување.

Институтот се најде на второто место во пет предмети: сметководство и финансии; биолошки науки, наука за Земјата и морски науки, економија и економетрија и наука за животната средина.

Веднаш зад оваа високообразовна институција се најде Универзитетот „Харвард“, кој е лидер во 11 предмети, додека Универзитетот „Оксфорд“ е лидер во 8 предмети.

институт
Фото: Pixabay

Рангирањето според предмети спроведено од „Кју-ес ворлд јуниверсити“ се објавува на годишно ниво и е дизајнирано да им помогне на идните студенти да ја најдат водечката високообразовна институција во своето поле на интерес. Рангирањето се заснова на квалитетот на истражување и достигнувањата, академската репутација и вработувањата на дипломците.

Целосната листа со најдобрите универзитети според предмети можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: News.mit.edu | Technologytimes.pk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование