Научници од Кембриџ велат дека создале минијатурен мозок во Петриев сад кој ја презема контролата на биолошката материја околу него.
За разлика од претходните мозоци создадени во лабораторија, овој активно испраќа „ластари“ за да се поврзе со 'рбетен мозок отстранет од глушец и потоа можел да го користи новиот 'рбет за да контролира мускул на глушецот прикачен за него.
Мозокот претставува значаен чекор нанапред поради способноста да се поврзе со недоразвиен нервен систем. Креаторите се надеваат дека ќе можат да го користат за да ги проучуваат мозокот и нервните болести до мал и контролиран степен.
- Очигледно не се обидуваме да создадеме нешто само поради забава. Сакаме да го искористиме ова за да моделираме болести и да разбереме како се поставени овие мрежи - истакна Меделин Ланкастер, автор на студијата.
Истражувачите проценуваат дека новиот мозок создаден во лабораторија има прилично иста софистицираност како човечки фетус што се развивал меѓу 12 и 16 недели, но не мислат дека засега има причина за етички загрижувања.
- Добро е да се има дискусија секогаш кога ќе направиме чекор напред, но генерално се согласуваме дека сè уште сме многу далеку од тоа - истакна
Меделин.