X
 18.06.2015 Живот

Најчесто поставуваните прашања во врска со најголемиот муслимански празник, Рамазан

Пред зори, ги исчекувам првите сехурски мириси од кујната. Мајка ми готви. Се почуствува мирис, необичен, сладок, полн со чувства. Тоа не е само на мирис на храната, туку, тоа е мирис на сите души кои се во исчекување на Алаховата прошка и рахмет во тие благословени часови. Стигна Рамазан, месец на постот, најголемиот муслимански празник.



Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.

Балкон3, со одговарање на најчестите поставувани прашања, од страна на неисламското население ќе се обиде да ја објасни суштината на постот.

Најчестите прашања, кои редовно се поставуваат се:

1. Зошто се пости?
Рамазан е еден од петте столбови на Исламот. Тоа најлесно може да се објасни на следниот начин. Во метафорична смисла, постот е „принудна сиромаштија“, која исламот ја пропишува со цел воспоставување на еднаквост помеѓу луѓето со одбивање на храна, пијалоци и телесни задоволства. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, во еден од хадисите ги има појаснато и поедините вредности на рамазанот: „Во него се отвараат небеските порти, во него се затвараат вратите на Џехеннемот, во него непослушните шејтани се врзуваат во ланци, во него е ноќ подобра од илјада месеци“, сакајќи да ги потикне верниците на правење на добри дела и искористување на рамазанските благодети и вредности.

2. И вода ли не се пие? А кафе! Ниту цигара не смееш да запалиш, а мастика да џвакаш?
Да, не се пие ниту вода, ниту пак кафе, секако дека и најстраствените пушачи, за време на постот мораат да останат без својот порок. Во буквална смисла на зборот не смее да се конзумира ни капка вода. Постот трае од зората (Имсак), па се до заоѓањето на Сонцето (Ифтар). На пример оваа година постот трае од приближно 03 часот, трае до 20. 20. Се пости околу 17 часа.
За ифтар се внимава да не се претера со јадењето, препорачливо е да се јаде по малку, но, почесто. Откако ќе заврши ифтарот, секако следува чај или кафе, секој по своја желба. Летните периоди кога меѓу ифтарот и сехурот има многу краток период од околу пет саата се внимава да не се јаде премногу, за да може де се јаде сехурот…

3. Дали е тешко да се пости? Живееме во мешани средини дали е тешко да се гледаат другите како јадат?
Прашање кое е најтешко да се одговори. Човекот преку постот треба да ја сочува својата човечност и да ја исчисти својата душа од животински нагони и робување на страстите. Да ги контролира инстинктите. Дали е тоа лесно, проценете сами. А за тоа дали е тешко да се гледаат другите кога јадат, мислам дека не, ако веќе имаш намера да постиш, воопшто не ти ни паѓа на памет да јадеш…

4. Навечер станувате да јадете, зошто, не може ли да се јаде пред да легнеш, и што се јаде за време не сехур?

Прочитајте повеќе...

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот