Основачот и главниот извршен директор на Фејсбук покажа силни зборови за поддршка на муслиманите откако кандидатот за претседател на Америка, Доналд Трамп повика да се забрани муслиманската имиграција во Америка. Другите политички лидери го осудија предлогот на Трамп како дискриминаторски.
Цукерберг на неговата Фејсбук страна зборуваше против нападите на сите заедници.
„После нападите во Париз и омразата оваа недела, можам само да го замислам стравот што Муслиманите го чувствуваат дека ќе бидат прогонети поради постапките на останатите. Како Евреин, моите родители ме научија дека мора да застанеме против нападите на сите заедници. Дури и ако нападот не е против тебе денес, со текот на времето слободата за сите ќе ве повреди и вас“, пишува тој.
„Ќе се борам за вас“, вели Марк Цукерберг.
Коментарите доаѓаат откако Доналд Трамп предизвика лавина критики поради неговата изјава во понеделникот во која вели дека на Муслиманите треба да им се абрани влез во Америка. Во говорот после нападот од страна на муслиманска двојка во Сан Бернандино, Калифорнија, Трамп изјави: „Треба целосно да забраните Муслиманите да влезат во Америка додека не откриеме што по ѓаволите се случува. Ние сме надвор од контрола“.
Цукерберг, во неговиот пост додава: „Ако сте Муслиман во ова општество, како лидер на Фејсбук сакам да ви дадам до знаење дека сте секогаш добредојдени тука и дека ќе се борам да ги заштитам вашите права и да создадам мирна и безбедна средина за вас.
„Раѓањето на дете ни дава толкава надеж, меѓутоа омразата лесно може да потклекне на цинизмот. Не смееме да изгубиме надеж. Се` додека стоиме заедно и гледаме добро едни во други, можеме да изградиме подобар свет за сите луѓе“.