X
 18.06.2015 Технологија

Нова социјална мрежа поддржана од Анонимуси ветува крај за Фејсбук

Нова социјална мрежа зад која стојат Анонимуси се надева дека ќе биде крајот за „Фејсбук“ и другите популарни социјални мрежи со тоа што на мрежата се нуди приватност, безбедност и транспарентност во врска со објавувањето.


Страницата наречена minds.com ги има основните карактеристики на секоја друга социјална мрежа - корисниците може да ги информираат своите следбеници за најновите работи, а тие може да коментираат и промовираат објави кои ќе ги прочитаат. Но, за разлика од своите конкуренти, целта на оваа мрежа не е заработка од собирање податоци, туку шифрирање на сите пораки за да не може да бидат прочитани од страна на владите или компаниите.

Други карактеристики се наградување на луѓето со интеракција на објавите, гласање, коментирање и напредување. Корисниците ќе добијат поени кои потоа може да бидат заманети за прегледи, што значи дека објавите на активните членови ќе бидат повеќе промовирани од страна на мрежата.

Интернет-страницата го опишува механизмот како „мрежа која ве наградува“. Како таква е поедноставна од алгоритмот на „Фејсбук“. Мрежата веќе беше објавена, но истата е отворена за промени од секого.

Друга интернет-страница поддржана од Анонимуси објави јавен повик до над милион корисници да ја поддржат новата мрежа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија