Компанијата „Фејсбук“ тукушто ја купи една од најпопуларните веб-страници за споделување гифови за приближно 400 милиони долари, како што пренесуваат американските медиуми.
„Фејсбук“ објави на својот блог во петокот дека веб-страницата „
Гифи“, која постои од 2013 година и е најпопуларна веб-страница за наоѓање и прикачување гифови, ќе стане дел од тимот на „Инстаграм“.
Фото: Pixabay
Вишал Ша од „Фејсбук“ објавил дека со спојувањето на „Инстаграм“ и „Гифи“ ќе се олесни наоѓањето гифови и емотикони за време на користењето на социјалната платформа. Тој открил дека 50%
од прегледите на „Гифи“ доаѓаат од некоја апликација на „Фејсбук“, а половина од тие се само од „Инстаграм“.
„Инстаграм“ и „Гифи“ веќе имале соработка со оглед на тоа што „Инстаграм“ има вградена опција за гифови од „Гифи“. По трансакцијата, „Гифи“ ќе продолжи да го користи својот бренд, но сега ќе се најдат нови начини за гифовите да бидат повеќе интегрирани во „Инстаграм“.
Автор: Дерија Оздемир
Извор:
interestingengineering.com