X
 19.05.2023 Забава

Маркетинг-компанија плаќа за да гледате „Тик-ток“

Многумина трошат часови на „Тик-ток“, а замислете кога би биле платени за тоа.

Маркетинг-компанијата „Убикјуес“ бара тројца кандидати што ќе заработуваат 79,34 фунти на час за гледање содржина на оваа социјална мрежа. Тројцата успешни кандидати ќе треба да гледаат содржина на „Тик-ток“ 10 часа во период од три дена за да откријат нови и постојни трендови на мрежата.

Кандидатите што ќе се пријават треба да ја сакаат социјалната мрежа и да се активни на неа. Тие треба да ја следат компанијата на „Тик-ток“ и „Јутјуб“, да ги снимат трендовите што ќе ги забележат и да објават видео на платформата во кое ќе зборуваат за работата.

На повикот може да се пријават сите корисници на „Тик-ток“ што имаат најмалку 18 години. Пријавувањето трае до 31 мај.

Повеќе информации за повикот можете да најдете овде.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава