Една социјална мрежа ветува бесконечен дигитален живот за сите корисници.
Мрежата наречена ЕТЕР9 учи сè за корисниците и нивните навики на интернет, а потоа тие податоци ги користи за објавување во ваше име долго откако ќе починете. Иднината е многу почудна отколку што замислувавме, нели?
Социјалната мрежа е дело на стартап-компанија од португалски програмер Енрике Орге и сè уште е во пробна фаза, но досега веќе се пријавени 5.000 кандидати кои би сакале да станат дел од мрежата.
Социјалната мрежа овозможува објавување во име на корисниците од страна на дигитален алгоритам кој може да биде активен постојано. Објавите од страна на дигиталната „верзија“ ќе станува подобра со текот на времето, со оглед на тоа што алгоритмот ќе „учи“ повеќе за корисникот со неговите активности на интернет.
Дигиталната верзија може да „живее“ бесконечно, а тоа е и целта на
социјалната мрежа - создавање дигитални верзии од корисниците со кои тие може да продолжуваат да „живеат“ во општеството.