X
 19.06.2015 Технологија

Вистинска приказна од лице кое било дел од "длабок интернет"

„Длабокиот интернет“ стана популарен неодамна, иако речиси никој меѓу нас не знае како да добие пристап до него. Повеќе медиуми пишуваат дека терористите користат тајни интернет-страници кога планираат напади. Меѓутоа, голем дел од приказните кои ги слушаме се само мит.


Wired“ објавија вистинска приказна од лице кое било дел од овој „длабок интернет“. Во статијата може да се прочита дека лицето следело подготовки на напади на педофили, продажба на сметки, меѓутоа дознаваме дека овој дел од интернетот не е претставен правилно во јавноста.

Додека во секоја статија за овој дел од интернетот пишува дека таму може да се најдат украдени податоци, терористички страници и детска порнографија, не се споменува фактот дека истите работи може да се најдат и на нормалниот интернет, во овој момент и од ова место. Она што се нарекува „длабок интернет“ е нешто мало.

На светскиот јавен интернет има повеќе од милијарда различни страници, додека скриените страници се во број од 7.000 до 30.000. Тоа е само 0,03% од нормалниот интернет. Скриениот дел од интернетот воопшто не е голем, како што се претставува од страна на медиумите. Не се знае колкумина имаат пристап до овој дел секојдневно, но се претпоставува дека тоа се мал број индивидуалци.

Конечно, длабокиот интернет не е нешто до кое не може да се стигне. Од 2011 година биле уапсени над 300 лица кои работат на длабокиот интернет, меѓу кои дилери на дрога и оружје, луѓе кои нарачуваат нелегални наркотици и програмери кои работеле на страниците.

Тогаш, што е длабокиот интернет?

Секако, постои технолошки простор наречен „длабок интернет“, кадешто сите сервери на интернет-страниците се скриени и шифрирани а корисниците уживаат во својата анонимност. Меѓутоа, тој простор е само мал број страници кои ги рефлектираат ограничените добри, лоши и чудни луѓе кои ги користат.

Лекарите може да дадат несоодветен совет за корисниците на дрога, граѓаните може да зборуваат за политиката која ги интересира и може да се најде екстремна порнографија. Во моментот, тој простор веројатно се користи најмногу за криминални цели, но неговото значење е претерано.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија