X
 25.06.2015 Култура

Холандските граѓани ја тужеа владата за климатските промени и победија

Првпат досега, едно правно тело ѝ нареди на влада да направи нешто во врска со климатските промени.


Вчера, судот во Хаг пресуди во полза на 886 холандски индивидуалци кои поднесоа тужба против владата на Холандија барајќи од нив да преземат нешто за спречување на ефектите од глобалното затоплување.

Судот изјави дека „државата треба да вети дека загадувањето од страна на Холандија ќе биде пониско за 25% во 2020 година во споредба со она во 1990 година“.

Моментално, Холандија е на пат кон намалување на испуштање на отровните гасови до под 17%, но за фондацијата „Ургенда“, која го претставувала народот во спорот, ова не е доволно.

- Државите треба да ги заштитат своите граѓани. Доколку политичарите не го направат ова сами, судот е тука да помогне. - изјави Марјан Минесма, директор на фондацијата „Ургенда“.

Судењето на влада или компании за климатските промени не е нова работа, но во поголемиот дел од случаите не функционира.

Холандските организации за околина се надеваат дека одлуката може да ги поттикне другите влади да преземат нешто во врска со случајот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура