Се сеќавате на тивкото холандско село Хитхорн? Сега спокојот и тишината се нарушени од напливот на туристи.
Селцето е 120 километри оддалечено од Амстердам, нема патишта, што значи дека туристите и 2.600 жители мора да возат велосипед, да пешачат или да пловат со брод.
Туристите имаат опција да изнајмат бродови и да ги истражуваат водните патишта. Мешатаните го нарекуваат „Венеција на Холандија“ и се жалат на туристите и нивното однесување во селото. Жителите дури и напишале писмо до општинскиот совет за итна акција против активностите што ги извршуваат туристите.
Фото: Getty Images
Туристите се обвинете дека пловат пребрзо, некои под дејство на алкохол и без соодветна контрола. Други изнајмувачи на бродови се многу млади или пловат во погрешна насока.
- Безбедноста на водата е во прашање и општината едноставно има должност да постапува кога некој ги крши правилата - напишале жителите во писмото.
Фото: Getty Images
Како што велат жителите, туристите предизвикуваат застој во водните патишта што жителите ги користат како форма на транспорт. Иако туризмот ѝ помага на локалната економија, жителите се лутат што туристите поминуваат низ нивната приватна сопственост.
Фото: Getty Images
Преземени се дополнителни чекори за местото да се заштити од приливот на
туристи што не покажува знаци на запирање. Инсталирани се и дополнителни греди за да се зајакнат мостовите од ударите на бродовите.