X
 25.06.2015 Наука

Создадена безболна направа за откривање менингитис кај децата

Новиот метод е безболен и може да го замени стариот кој може да биде стресен и болен за децата.


Тим инженери од Универзитетот „Ла Паз“ направиле преносна направа за откривање менингитис кај децата. Направата се држи над мекиот дел од детската глава, а со тоа може да се открие менингитисот на безболен и сигурен начин.

Направата користи ултразвучни бранови кои во секунда создаваат слика од висока резолуција од тоа подрачје на главата. Истата слика потоа се анализира за да се види дали има место кое е заразено од бактеријата.

Апаратот бил тестиран на животни

Тестот би можел да го замени сегашниот метод кој се користи, а е болен и стресен за многу деца, но и потенцијално ризичен бидејќи докторите мора да извлечат течност од грбот на детето со голема игла за да проверат дали тоа е заразено.

Апаратот засега бил тестиран на ткиво на заболени животни и неколку бебиња на универзитетот „Ла Паз“ во Мадрид. Научниците се надеваат дека истиот ќе се најде на пазарот во текот на следните три години.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука