X
 03.01.2022 Здравје

Медитацијата може да го зајакне имунолошкиот систем и да ги ублажи симптомите на ковид-19

Медитацијата, кога се практикува редовно и интензивно, може значително да ја подобри работата на имунолошкиот систем, покажуваат резултати од ново истражување. Истражувањето било спроведено врз основа на анализа на крв од над 100 жени и мажи и следење на генските промени пред и по медитација.

Во заклучоците се наведува дека медитацијата ја зголемува активноста на стотина гени за кои е докажано дека се директно вклучени во регулацијата на имунолошката реакција. Во истражувањето испитаниците биле и на режим на веганска исхрана и имале прецизен план за спиење.

Три месеци по медитацијата била забележана зголемена активност на дури 220 гени поврзани со имунитетот. Истражувањето покажало и дека медитацијата може да помогне во борбата против ковид-19 бидејќи 76 отсто од испитаниците што се заразиле со болеста имале блага клиничка слика, а 31 отсто имале потешка форма на болеста.


Фото: Pixabay

Меѓутоа, ова истражување вклучувало десетчасовна медитација, осум дена по ред, во целосна тишина, што не е возможно за повеќето луѓе.

Сепак, според авторот на истражувањето, Виџајендран Чандран, доцент на медицинскиот факултет на Универзитетот на Флорида, не може да се занемарат доказите дека редовната медитација би можела да има важна улога во лекувањето разни болести поврзани со ослабувањето на имунолошкиот систем.

Извор: Eklinika
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје