X
 20.06.2021 Здравје

Планинарењето не само што е добро за телото, туку е добро и за умот

Планинарењето станува сè попопуларно од очигледни причини - надвор сте и се чувствувате добро и ментално и физички. Секако, планинарењето може да биде тешко во зависност од локацијата и времетраењето, но и од опремата.

Поволностите од ваквиот вид вежбање за телото се јасни, пишува „Конверзејшн“. Тоа ги подобрува физичкото здравје и спиењето и го намалува ризикот од заболување од хронични болести, како деменција, дијабетес, кардиоваскуларни болести, депресија и одредени видови ракови. Тоа е добро и за лица што веќе имаат здравствени проблеми, а дури и оние лица што имаат проблеми со зглобовите може да планинарат со специјална опрема.

Меѓу другите поволности од планинарењето е и подобрувањето на расположението. Впрочем, сè повеќе доктори им препорачуваат планинарење на пациентите за да го подобрат целокупното ментално и физичко здравје.


Фото: Pixabay

Во Англија има иницијатива која има цел да го оцени влијанието врз здравјето од таканаречените „зелени упати“ во кои докторите ги упатуваат пациентите да прават активности на отворено. Се препорачуваат активности како планинарење и градинарство за подобрување на менталното и физичкото здравје.

Па, поволностите се докажани, а останува да започнете. Планинарењето е одличен начин да се биде активен и да се подобрат менталното и физичко здравје. За многумина што сè уште не биле на одмор, може да биде и одличен начин да се излезе од дома и да се види нешто ново.

Автор: Линдзи Ботомс
Извор: The Conversation
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје