X
 28.06.2015 Технологија

Робот кој може да изгради цела куќа за 2 дена

Еден инженер од Перт сака да ги механизира најстарите работи во историјата на човештвото. Неговиот робот наречен „Хардиан“ може да ѕида 1.000 цигли за еден час.


Роботот има вграден план за градење со кој го пресметува местото на секоја цигла, а потоа користи долга рака за да ги стави циглите и да ги соѕида заедно. Роботот може да работи 24 часа без одмор, а со брзината на работата пресметано е дека може да изгради цела куќа за два дена, односно 150 куќи за една година.

Роботот има стапка на прецизност од една стотинка од инч. Тој може да работи на генератор или обичен извор на електрична енергија.

За време на претставувањето на роботот било посочено дека секоја година се трошат десетици милијарди долари за плаќање на градежниците. Токму затоа, робото може да ги замени овие и да заштеди.

Колку за споредба, најбрзиот градежник соѕидал 743 цигли за еден час. Погледнете го во видеото.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија