X
 21.07.2015 Технологија

Робот го помина најтешкиот тест за свесност наменет за луѓето

Многу генијалци, меѓу кои Стивен Хокинг и Илон Маск предупредуваат дека луѓето треба да бидат внимателни кога станува збор за напредокот на вештачката интелигенција. Меѓутоа, многу други генијалци веруваат во спротивното и работат на развивање роботи кои ги надминуваат способностите на луѓето.


Во еден нов експеримент за тестирање на свесноста кај роботите биле искористени три роботи, кои решавале загатка. Роботите се создадени за размислување и разбирање на она што се случува околу нив. Загатката која ја решавале роботите е генијален тест за свесност и оди вака:

„Еден крал бара нов мудар човек во својот совет. Тој ги тестирал тројцата најмудри луѓе за да се одлучи за еден. Кралот ставил шапка на сечија глава одзади и им кажал дека таа е или сина или бела. Првиот човек кој ќе ја погоди бојата на својата шапка ќе биде победник. Победникот треба да ја погоди бојата на својата шапка по бојата на шапката на лицето до него.“

Роботите решавале слична, импровизирана верзија од овој тест. Еден од тестовите успеал да го помине тестот.



Експериментот бил воден од Селмер Брингсјорд и демонстриран на Политехничкиот институт „Ренселер“ во Њујорк пред медиумите. Малиот експеримент покажал дека роботите се способни за свесно однесување и свесност за себе.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија