X
 29.06.2015 Образование

Студирање во странство - буџет потребен за Бразил

Најголемата и најнаселена земја во Јужна Америка може да биде незаборавна дестинација за посета. Бразил ја има една од најбрзорастечките економии во светот, па затоа сè повеќе странци одлучуваат да студираат токму во оваа земја.


Дали сакате да студирате во Бразил?

Бразилската култура може да биде доволна причина за запишување факултет таму. Исто така, учењето португалски. За да ги разгледате кои програми ви се нудат во Бразил одете ОВДЕ. Обрнете внимание на кредитите кои може да ги добиете и дали програмите вклучуваат стипендии.

Финансиска помош

Се нудат стипендии и грантови кои може да ви помогнат. Проверете го универзитетот и видете дали доделува стипендии за странски државјани. Исто така, проверете ги следните интернет-страници за да пронајдете стипендии - Study Abroad Funding, Diversity Abroad и StudyAbroad.com.

Колку чини?

Студирањето во Бразил е бесплатно, но тоа важи за државните универзитети. На приватните универзитети, кадешто се доделуваат повеќе стипендии за странци, еден семестар чини приближно 19.000 долари, што ги вклучува школарината, сместувањето, курс за учење на јазикот, храна и осигурување.

Планирање на патувањето

Многу програми нудат сместување, храна и осигурување. Меѓутоа, доколку самите мора да ги покриете овие трошоци запомнете дека:

- Летот дотаму ќе чини многу, најмалку 1.000 долари.

- Потребен ви е пасош, а потребна ви е и студентска виза.

- Сместувањето во стан со една соба изнесува приближно 500 долари месечно. Останатите трошоци за живот изнесуваат 60-125 долари.

- Електрониката е скапа во Бразил, па потребен ви е и соодветен телефон.

Освен тоа, вреди да се знае дека Рио де Жанеиро и Сао Пауло имаат многу ефикасни системи за метро. Најевтин начин за превоз во градовите е автобусот. Месечните карти изнесуваат 45-60 долари месечно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование