X
 14.08.2020 Образование

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон МЕТ и предизвиците на модерното образование

Зголемениот проток на информациите, брзото застарување на знаењето, исто како и акцелерацијата на модерните општества поставија високи очекувања од вработените. За таа цел, постојаното унапредување на знаењето стана императив. Тоа е една од причините зошто далечинското учење стана толку популарно во светот. Самиот термин може да се дефинира како „планирано предавање и учење на начин на кој предавањето се одвива на различно место од учењето, претпоставува комуникација преку различни технологии и специјална институциска организација“. Во својата релативно кратка историја далечинското учење создаде негативни ставови кај дел од професорската струка најмногу поради отпорот кон присвојување на новата технологија во процесот на образованието. Факт е дека за подготовката на час преку далечинско учење е потребно многу повеќе време отколку за регуларен час со физичко присуство. Од друга страна, самата мотивација и ангажман на студентите за време на предавањата исто така претставуваат дополнителен предизвик за професорите.



Во досега најобемната студија за ефектите на ваквиот облик на студирање под наслов „Подготовка за дигитален универзитет: студија за историјата и сегашната состојба на далечинското и блендираното учење“ од 2015, група реномирани автори даваат сеопфатна анализа на односот помеѓу класичното и далечинското учење и нивниот хибрид, наречен блендирано учење.

Според студијата, воведувањето на далечинското учење бара развивање на прецизно дизајнирани студиски програми кои ќе содржат интеракциски конципирана содржина, ќе развиваат структурна соработка помеѓу студентите и професорите, ќе промовираат континуиран мониторинг на прогресот на студентите и ќе овозможат програмска и временска флексибилност со цел студентите секогаш да бидат во чекор со предавањата.



Базирана на многу резултати и метаанализи, студијата заклучува дека далечинското образование е поефективно, или е барем исто така ефективно како и предавањето во училница. Тие нагласуваат дека за процесот да биде докрај задоволувачки, потребно е да бидат запазени следниве критериуми:

-    Слушателите треба да поседуваат висока дигитална писменост, да бидат ефикасни без поддршка отстрана и да бидат силно мотивирани;
-    Професорите треба да имаат позитивен став кон технологијата и да научат како да ја планираат интеракцијата на часовите;
-    Содржината на предавањата треба да биде приспособена на студентските потреби и да биде конципирана на одржлив начин со цел да се запази квалитетот на предавањето и учењето;
-    Дизајнот на студиските програми треба да овозможи организирана интеракција на студентите поделени во мали групи исто како и разноликост во методологијата на оценувањето;
-     Со присвојување модерна технолошка инфраструктура институциите треба да ги координираат активности и поддршката на академскиот персонал;
-    Конечно, во доменот на политиките и законодавството, неопходна е поддршката од страна на државата.

Што се однесува до концептот на блендирано учење, заклучокот на авторите е дека тоа учење во практика има покажано најдобри резултати бидејќи претставува синергија на класичните педагошки методи и на модерниот технолошки пристап кон учењето.



Поради сите овие причини, воден од својата мисија на студентите да им даде врвно знаење и експертиза, а ставајќи ја безбедноста и здравјето на студентите, пред сè, менаџментот на МЕТ одлучи оваа година наставата да се одржи како блендирано учење, односно во комбинација на далечинско учење и учење со физичко присуство. За таа цел, МЕТ им овозможува на студентите  техничка поддршка и пристап до онлајн-библиотеката каде што студентите ќе најдат соодветни ресурси за учење: научна литература, публикации, прирачници, аудио и видеоматеријали.

Сега и вие имате можност да бидете дел од големото семејство на Лондон МЕТ. Можност од удобноста на својот дом да следите врвна настава, скроена по британски терк, да студирате под менторство на реномирани британски професори и да се стекнете со британска диплома.

Направете го вистинскиот избор, студирајте на Лондон МЕТ.

За повеќе информации околу начинот и условите за студирање, посетете ја веб-страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk, следете ја нивната Facebook страница или јавете се на телефон 023140004.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование