Една британска компанија специјализирана за едукација и студирање во странство Quacquarelli Symonds (QS) минатиот месец објавила листа на градови кои нудат најдобри услови за студирање низ цел свет.
Најдобрите
градови се избрани според 6 категории. Компанијата ги земала предвид рангирањата на универзитетите, градската понуда и инфраструктура за студентите, атрактивноста на дестинацијата, односот на работодавачите и достапноста. Пред составување на листата спроведена е и анкета за што поквалитетно да се испита искуството на студентите.
Како најдобар од сите е оценет Монтреал. Канадската престолнина на културата редовно е присутна на листи со градови кои се најудобни за живот, а неодамна е прогласен и за ‘Интелигентна заедница на годината’. Од минатата година скокнал дури 7 места на листата на најдобри градови за студентите.
Топ 10 градови за студирање:
1. Монтреал
2. Париз
3. Лондон
4. Сеул
5. Мелбурн
6. Берлин
7. Токио
8. Бостон
9. Минхен
10. Ванкувер