Ејми Вајнхаус беше една од најталентираните пејачки во модерното време. Новообјавено видео кое ќе биде дел од документарниот филм „Ејми“ покажува дека младата пејачка го имала талентот отсекогаш. Во видеото ја гледаме на само 14 години како ја пее „Happy birthday“.
Документарниот филм за Ејми го следи животот на пејачката, која стана позната во 2006 година, а почина во 2011 година од труење со алкохол. Документарниот филм излегува во кино салите на 3 јули.