Користејќи техника на сонификација на податоците, еден дипломец ја претвори видливата светлина што ја емитуваат хемиските елементи во звук. Така тој успеа да создаде уникатни, сложени звуци за секој од нив. Ова е првиот чекор кон интерактивен музички Периодичен систем.
За да се развие компјутерски код кој ги трансформира светлосните податоци на елементите во мешавина од ноти, при што брановите должини на боја стануваат индивидуални синусни бранови, истражувачот В. Вокер Смит работел со ментори од Универзитетот во Индијана. Резултатот е низа уникатни звуци, од едноставни акорди до посложени обрасци.
Кога се под напон, елементите испуштаат видлива светлина. Оваа светлина е составена од повеќе индивидуални бранови должини или специфични бои, со нивоа на осветленост кои се уникатни за секој елемент. Но, на хартија множеството бранови должини за различни елементи е тешко да се разликува визуелно, особено за преодните метали, кои можат да имаат илјадници индивидуални бои. Претворањето на светлината во звучни фреквенции може да биде уште еден начин за луѓето да ги детектираат разликите помеѓу елементите.
За да ги задржи сложеноста и нијансите на спектарот на елементите, Смит создаде аудио компјутерски код кој ги претвора светлосните податоци на секој елемент во комбинации на ноти.
Фото: Bug.hr