Арета Френклин, кралицата на соул-музиката, беше позната по нејзиниот моќен глас и големите хитови „You Make Me Feel Like A Natural Woman“, „Day Dreaming“, „Jump To It“, „Freeway of Love“, но постојат и неколку други интересни факти за нејзиниот личен живот и кариера.
- Арета Френклин сама научила да свири на пијано, без воопшто да знае како да чита ноти.
- Нејзините музички почетоци биле во Детроит - како дете, таа била дел од црковниот музички хор на нејзиниот татко.
- Како тинејџер патувала со Мартин Лутер Кинг Џуниор. Подоцна пеела на неговиот погреб во 1968 година.
- Таа била првата жена примена во Куќата на славните на рокенролот, во 1987 година.
- Нејзиниот редок четириоктавен дијапазон на гласот и нејзиното моќно присуство беа магија.
- Во 2005 година
Френклин го доби Претседателскиот медал за слобода, највисока американска граѓанска награда. Овој медал го доби за нејзините животни достигнувања во уметноста.
- Таа пеела на три претседателски инаугурации.