X
 06.06.2017 Технологија

Гугл учи компјутери како да цртаат и да прават музика

Во полето на технологијата не очекува интересна иднина, автомобилите ќе возат сами, фрижидерите сами ќе редат намирници, а вратите ќе се отклучуваат како што приоѓаме. Сега пристигнува уште една новина – компјутерите ќе прават уметност.

магнета
Фото извор: news.au


Најновото од проектите со вештачка интелигенција е компјутери што цртаат и сами прават музика.

Истражувачот на Гугл Даглас Ек инсистира дека не се работи за тоа да се заменат луѓето, туку да се создадат нови алатки кои се наменети за нив. Тој вели дека уметноста е „во брак“ со технологијата.

Проектот Магнета е „забавна и креативна вежба“ со која ќе се покаже што може да прават машините, иако постои „сериозна идеја“ зад тоа. Еден дел од проектот вклучува учење на компјутерите да скицираат. Ако нацртате произволна мачка, овој компјутерски модел ќе Ви даде осум алтернативни скици. Компјутерот ги учи основните контури и го зема предвид генералниот изглед на предметот.

Музичките експерименти на Магнета имаат понепосредни корисници. Тимот постави различни снимки во системот за тој да го креира својот развој и аранжмани, некои од нив попријатни за ушите од други. Исто така креиран е и интерактивен синтисајзер кој им овозможува на корисниците да вкрстат два инструмента и да свират ноти со мешан резултат.

„Јас сум помалку заинтересиран во идејата да се стисне копче и комјутерите да прават уметност и музика. Мислам дека тоа е погрешно разбирање на уметничкиот процес. Уметноста бара комуникација. Уметноста е за оние кои имаат идеја и кои ја споделуваат таа идеја со други“, вели Ек.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија