X
 30.06.2015 Живот

Зошто баш Тунис?

Да се умре во име на религијата за време на Рамазан Бајрам е дефинитивен показател дека ќе се оди во рајот по смртта. Ова го изјавил лидер на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Тунис во текот на изминатата недела. Тунис се соочува со терористички напади веќе одреден период, а најстрашните се случија во последните неколку месеци - првиот кога беше отворен оган во музеј, а вториот на плажа полна туристи. Зошто токму Тунис?



Денис Драговиќ, експерт за меѓународен развој од Универзитетот во Мелбурн, прави претпоставка за целта на Исламската држава позади терористичките напади во Тунис, но и во Франција. Имено, Тунис е една од најлибералните исламски држави во светот која постои од 2011 година. Но, неговата демократија е во опасност по терористичките напади. Целта на нападите била намалување на демократските придобивки во Тунис.

- Исламската држава не сака демократијата да се вкорени во арапските земји - вели Драговиќ.


Никоја држава не сака нестабилност, но тоа им оди во прилог на екстремистите од Исламската држава бидејќи со тоа се отвара поголема можност за зголемување на бројот на екстремисти. Во време на ослабена економија, има поголеми шанси луѓето да преминат на страната на екстремизмот. Исламската држава не е подготвена за напад на западот, но со напаѓање на вистинските држави и зголемување на својата војска тие се обидуваат да го променат тоа.


Драговиќ ја споредува ситуацијата во Тунис со онаа во Либија пред неколку години, каде била направена дестабилизација, а со тоа се зголемил бројот на екстремисти од оваа земја. Кога станува збор за моментот кој е одбран за напад, Драговиќ смета дека намерно е одбран празникот Рамазан Бајрам за привлекување повеќе екстремисти бидејќи „жртвата за време на овој празник се смета за многу поголема“.

Во меѓувреме, целта за уништување на економијата и дестабилизација на државата се чини дека се исполнува во Тунис. Илјадници туристи ги откажале резервациите, а заработката од туризмот е намалена за дури 6% од првиот терористички напад.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот