X
 10.04.2016 Живот

Студент по електротехника изработувал бомби за терористите

24 годишниот Најим Лачраоу ја активирал бомбата на аеродромот во Брисел.

 

terorist


Најим посетувал католичко училиште и студирал електротехника. Неговото емигрантско семејство го ценело образованието и дисциплината. Неговиот брат го носел белгиското знаме како национален првак во боречки вештини.

Но, ништо од тоа не го спречило Најим да стане дел од терористичката мрежа на ИСИС, и своето знаење да го искористи за правење бомби за кои властите се сомневаат дека се употребени за големите терористички напади во Париз и Брисел.

Најим имал само 24 години кога на 22 март се разнел на белгискиот аеродром. Во нападот биле убиени 15 луѓе. Другиот напаѓач се разнел во близина, а третиот во подземна железничка, убивајќи 17 луѓе. Според сомневањата на властите, бомбите биле направени токму од Најим.

Патувањето од квартот Шаербек во Брисел кадешто пораснал, во Сирија и назад, одиграло важна улога во неговиот живот. Радикализација. Најим бил различен од останатите членови на ИСИС. Тој завршил добро училиште, бил доста паметен, и добар студент.

Зошто младичот кој правел бомби станал бомбаш самоубиец останува мистерија, како и тоа зошто се радикализирал. Експертите велат дека во таквите случаи околностите можат да се вклопат, но личните и психолошките причини кои овој човек го натерале да се насочи кон ИСИС, воопшто не се јасни.

Експертите претпоставуваат дека тој не бил единствениот човек кој работел на бомби, а веројатно ниту во Белгија, што е жариште на терористите во Европа. Можно е тој да учел од нкој поискусен. Тоа се индиции кои властите треба да ги истражуваат. Една од претпоставките е дека еден од палестинските членови на ИСИС дошол во Европа за да изработува бомби порано од нападот во Париз.

 


Луѓето кои го познавале Најим во средно училиште велат дека воопшто не можело да се забележи дека тој е радикализиран, но кога подобро ќе размислат, откриваат дека можеби имало некои знаци кои наведувале дека тој помалку се отуѓува, но на тоа никој не обрнувал внимание.

Лачраоу пораснал во Белгија, а кога бил помлад, веројатно за време на пуберетот, имал несигурности со кои се соочувал во врска со тоа каков муслиман сака да биде.

„Бевме соочени со личност која беше во потрага со својот ислам“, вели Бруно Дербаикс, кој предава религија на Институтот де ла Саинт-Фамили, кадешто Најим студирал во средно.




Во Белгија не е невообичаено за муслиманските семејства да ги испратат децата во католички училишта, каде квалитетот на образование во однос на државните училишта е доста повисок.

Најим како 18 годишно момче напишал статија за тоа како исламот го гледа како ропство. Тој во статијата нагласува дека неговата желба е секоја личност да има право на слобода, и како тој е чувствителен на оние кои немаат слобода или на оние кои им е одземена.

За време на нападите во Брисел тој одамна отфрлил било какво чувство на умереност. Неговата потрага по исламот започнала во сосема нова насока, вели неговиот професор од средно.

Во последната година од средно во однесувањето на Најим се забележувале првите знаци на радикализација. Не е познато дали некогаш имал девојка.

Екстремизмот го опседнал Најим додека неговото семејство останало оддалечено од се`. Неговиот брат Моурад, кој има 20 години исто така бил муслиман, а станал еден од најдобрите белгиски таеквондо натпреварувачи.

 

2


На конференцијата после смртта на неговиот брат, Моурад изјавил дека го носи белгиското знаме на меѓународните натпревари со гордост. „Тоа е она за што се борев“, изјави Моурад.

После матурата и одличните оценки по математика и физика, Најим се запишал на „Universite Libre de Bruxelles“. Таму имало мал број на муслимани, па не се чувствувал добро. Факултетот го напуштил после година дена. Потоа се запишал на друг, но го напуштил и него.

Се чувствувал одвоено, изолирано, што не е чудо за муслиман од Шаербек, третата најсиромашна општина во Белгија која има долга историја на расизам.

На улиците на соседствата во Брисел се појавил проповедникот на исламот Клаид Зеркани кој со своите пораки ги завел младите муслимани. Тој успеал да регрутира повеќе од 50 млади луѓе, а моментално е во затвор во Белгија.

Некои од неговите следбеници биле млади и ситни криминалци кои ги поттикнувал да го ограбуваат народот за да стигнат до пари за нивните патувања во Сирија. Но, другите биле интелигентни младичи со големи шанси да успеат во животот. Еден од нив бил и Најим.

Во 2013 година, родителите на Најим се преселиле во друга населба. Биле загрижени бидејќи забележале дека неговиот најстар син се` повеќе се радикализира и издвојува, па сакале да го одделат од Зеркан. Но, било предоцна.

 

3


Во текот на преселувањето Најим исчезнал. Семејството преку телефонски повик дознало за неговото заминување. Моуард вели дека после тоа не разговарал со неговиот брат, а се` до неговата смрт не знаел каде се наоѓа. „Не можев да го пронајдам. Да го пронајдев, ќе се обидев да го вразумам“, изјави тој.

Најим се вратил во Европа во септември користејќи лажен пасош на име на Соуфаине Кајал, а патувал со Салах Абдесалам, единствениот преживеан напаѓач од Париз.

 


Откако се вратил во Белгија полицијата дошла до знаење дека тој бил еден од оние кои изработувале експлозиви за бомбаши самоубијци кои ги носеле бомбашките париски напаѓачи. Неговата ДНК била пронајдена на неколку самоубијци, како и во куќата во Шаербек.

Абдеслам бил уапсен само неколку дена пред нападот во Брисел, за кој Најим исто така направил експлозив. Зошто смртта му станала поважна од слободата не е лесно да се погоди. Во еден од неговите последни разговори пред матурата, Најим му рекол на неговиот професор дека верува дека исламот е супериорен во однос на западниот модел.

„Му реков дека неговиот идеализам не смее да го доведе до лутина и гордост“, изјави неговиот професор. „Широко се насмевна и ми рече да не се грижам“, додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот