Една група на инженери, кои се воделе под името „Big Safari“, предводени од интелигентни луѓе, биле доста блиску да го убијат Осама бин Ладен една година пред бомбашките напади на Светскиот трговски центар.
Тајната група составена од елтини оперативци во рамките на американската војска, била формирана во 60-тите години, а била создадена со цел да реагира со голема брзина во критички ситуации. Во 1998 година, висок офицер на Министерството за одбрана, им пријде со проект.
Тој бил сведок на акција на беспилотно летало наречен „Predator“. „Бев запрепастен“, изјавил офицерот. Според него, тоа било огромен чекор кој може да се спореди со оној дешифрирањето на Енигма.
Тајниот тим го прифати предизвикот со раширени раце. Нивната цел била да ја пробијат технологијата, и тоа за брзо време, а за таа цел поставиле своја канцеларија во „General Atmoic“ во Сан Диего.
Она што тие го направило го одбележи „раѓањето“ на војната со беспилотни летала.
Овој момент дошол во 1999 година за време на косовската војна, кога воздухопловните сили им побарале помош за бомби управувани со ласер, пуштени од борбен авион, кој ќе биде безбедно над облаците, настрана од непријателскиот оган.
„Big Safari“ одлучи да прикачи ласерски ракетен уред на „Predator“. Тие го модифицирале беспилотно летало за 45 дена, заедно со пилотот Скот Свансон.
Нивниот брз начин на работа го нарекле „80 процентно решение“, употребувајќи го пред да биде совршено завршен, нешто што воздушните сили никогаш не го прават.
Свансон го искористил леталото во битка еднаш во Косово, но не беше потребно долго време за да сфати дека станува збор за револуционерно оружје. „Знаевме дека леталото е иднината“, рече тој.
Во 1999 година, „Big Safari“ беше повикан да помогне во најголемата потера во последниве години. ЦИА го бараше Бин Ладен, лидерот на Ал Каеда, после бомбашките напади на американските амбасади во Танзанија и Кенија претходната година.
Им беше потребен начин да ја следат и гледаат нивната цел. Тие дојдоа до идеја да стават голем телескоп на една планина. Но, сфатија дека тајниот тим „Big Safari“ имал уште подобра идеја.
Во книгата на Ричар Витл за беспилотното летало „Predator“, тој објаснува дека командниот центар не може да биде во близина на нивната цел во Авганистан, бидејќи може некој да дознае за нив.
Наместо таму, тимот беше лоциран на последното место на кое би ги барале: базата Рамштајн во Германија. Никој не би можел да сфати на кој начин операцијата би можела да биде надгледувана илјадници километри оддалечена од акцијата.
Но, постоеше еден член на „Big Safari“, воен хакер толку интелигентен кој меѓу неговите колеги бил познат како „Човекот со двата мозоци“. Леталото го имал Осама бин Ладен на видик. Но, никогаш не дошла наредба да се убие најопасниот човек во светот.
Идејата на овој помалку познат генијалец, била наречена „одделна операција“. Мал тим кој бил стациониран во земја која се граничела со Авганистан, требало да го лансира „Predator“ со помош на далечински управувач.
Откако бил наместен, антената на беспилотното летало се поврзувало со сателит, и се воспоставувала комуникација со Свансон, инженерите, операторите во Рамштајн.
За да го реализираат ова, тимот украл 11 метарски сад што го пронашле во командниот штаб во Вирџинија и го одвеле во Германија.
Во септември 2000 година, на една од мисиите бил пронајден Осама бин Ладен, кој живеел на една фарма во Тарнак бризу аеродромот во Кандахар. Бил облечен во бело и опкружен со телохранители.
„Predator“ кружеше над својата цел. Во тоа време, беспилотните летала се`уште немаа свое оружје, па затоа биле поврзани со авион и му давале сигнал кога да нападне. Но, наредбата никогаш не се случила.
Армијата ја пропуштила најголемата шанса со која би го запрела Бин Ладен пред 11 септември. Сите знаеле дека шансата била пропуштена. Јасно било дека „Predator“ морало да има свое оружје.
Човекот со два мозоци дошол до решение - да овозможи комплексните информации да патуваат помеѓу вооружените беспилотни летала и операторите на илјадници километри. Во септември 2001 година, тој патувал до Јужна Калифорнија за да го
тестира системот во оваа област. Неговите први испитувања биле успешни, па имал во план следниот ден да посвети повеќе време.
После катастрофалниот напад на 11 септември, американската војска знаеше дека нивната најдобра шанса бил „Predator“ со кој можеле да ги спречат нападите. Развојот се забрза и наскоро било создадено смртоносно беспилотно летало кое армијата го испратила да го убие Мохамед Атеф, висок командант на Ал Каеда.
Беспилотното летало го променило изгледот на војувањето, но имало шанса и да го промени текот на иднината. Ова смртоносно оружје би можело да го спречи нападот и со тоа да спречат ера во која терористите владеат со страв.